Чешката УФЦ сензација, Јиржи Прохазка го имаше најимпресивниот нокаут на УФЦ Вегас 25 во саботата, откако поранешниот шампион од РИЗИН го патосираше својот противник во средно-тешка категорија, Доминик Рејес со нокаут во втората рунда со „вртечки“ лакт.
Прохазка беше одличен и во првата рунда, доминирајќи со ударите, иако беше послаб кога Рејес го собори на подот. Во втората рунда Чехот повторно беше одличен во борбата на нозе, пред да го има овој луд нокаут.
Absurd knockout from Jiri Prochazka to finish it in the 2nd round #UFCVegas25 pic.twitter.com/kQZI6eQKBw
— BetOnline.ag (@betonline_ag) May 2, 2021