Top Sport

Мата се подготвува за трансфер во Серија А

Хуан Мата по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер јунајтед. Искусниот фудбалер, според медиумите, кариерата ќе ја продолжи во Лацио. Мата, кариерата ја започна во Валенсија, а последните десет години е во Англија, во Челси и Манчестер јунајтед.

Лацио, има намера да го обезбеди потписот на Мата, бидејќи, тој за еден месец ќе биде слободен играч. Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, на Мата е подготвен да му понуди две годишен договор.

Според „Ла Република“, Мата покажал интерес кариерата да ја продолжи во Серија А, се соgласил и на две годишниот договор, засега двете страни не можат да се договорат околу платата. Лацио понудиле четири милиони евра по сезоната, фудбалерот бара милиони повеќе.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');