Нејмар стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и потенцијалното враќање во Барселона, откако го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен до 2026 година, објавува францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Според весникот, Нејмар утре ќе го официјализира договорот, со кој ќе остане на „Паркот на принцовите“ вкупно 9 години, откако во 2017 година, богатиот клуб ја плати клаузулата од 222 милиони евра за да го откупи од Барселона, поставувајќи светски рекорд кој уште не е срушен, а со оглед на кризата во која се наоѓаат најголемите европски клубови, тешко дека ќе биде достигната.
Бидејќи има 29 години, со овој договор, тој би останал во ПСЖ речиси до крајот на неговата кариера.
Neymar prolonge ce samedi son contrat avec le PSG jusqu’en 2026
Arrivée en 2017 à Paris, la star brésilienne prolongera ce samedi son contrat de quatre ans. Neymar sera lié au PSG jusqu’en 2026 : https://t.co/Aeg71RJEyB pic.twitter.com/yKN64PO8OC
— L’ÉQUIPE (@lequipe) May 7, 2021