Видео-системот за помош на судиите (ВАР) предизвика нови контроверзи во Германија, откако судијата Гвидо Винкман доби совет да досуди пенал за Мајнц против Фрајбург откако повеќето играчи се упатија во соблекувалната на полувремето.
Во клучната пресметка за опстанок на двата тима, Винкман го заврши полувремето со резултат 0:0, меѓутоа по советувањето со ВАР по инцидентот во шестнаесетникот на Фрајбург беше досуден пенал. Дефанзивецот на Фрајбург, Марк-Оливер Кемф ја блокирал топката со својата рака и Мајнц доби пенал, кој сега мораше да чека да го изведе додека голманот на Фрајбург, Александер Швволов не се врати на теренот.
Players called back to pitch for penalty during half-time amid VAR chaos in Mainz v Freiburg match https://t.co/YZea8DJTTU pic.twitter.com/A4YqXymiCZ
— Guardian sport (@guardian_sport) April 16, 2018
Пабло де Бласис во 52. минута од првото полувреме го совлада и донесе водство на Мајнц од 1:0. Мајнц постигна уште еден гол во второто полувреме повторно преку Де Бласис во 72. минута за да ги помине Фрајбург на табелата. Двата тима имаат по 30 поени, но Мајнц е на 16. место (кое носи опстанок), а Фрајбург е 17-ти (пат во втората Бундеслига).
Ова не беше единствениот бизарен момент на мечот, откако на полувремето навивачите на Мајнц го „нападнаа“ теренот со тоалет хартија во протестот за понеделничките мечеви во Бундеслигата, нешто што речиси сите навивачи го мразат во Германија.
Фото: ЕПА