Top Sport

Влаховиќ ги исфрли Лацио од борбата за ЛШ

Сонот на Лацио дека ќе може да избори пласман во Лигата на шампионите згасна на „Артемио Франки“ во Фиренца. Фиорентина, вечерва, го победи Лацио со 2:0 со головите на Душан Влаховиќ.

Српскиот репрезентативец, влезе во историјата на Фиорентина. По пауза од 21 година, кога за Фиорентина играше Габриел Батистута, тој е првиот играч кој постигнал 20 или повеќе голови во една сезона во Серија А.

Со головите во 32. и 89.минута, Влаховиќ дојде до бројката од 21 во сезоната. 21-годишниот напаѓач на листата на најдобри стрелци го дели второто место со Ромелу Лукаку.

Фиорентина со оваа победа си обезбеди опстанок во лигата, додека Лацио со натпревар повеќе има пет поени помалку од Милан, Јувентус и Аталанта.

Scroll to Top