Илија Несторовски, капитенот на италијанскиот второлигаш Палермо и стандарден репрезентативец на Македонија се здобил со побреда на синоќешниот натпревар на неговиот тим против Читадела.
Најдобриот стрелец на Палаермо (13 гола на 27 натпревари), се повредил по половина час игра. Македонецот се здобил со повреда на бутниот мускул, а од клубот нема информации околу сериозноста на повредата.
Палермо кај Читадела одигра без голови и ја продолжи лошата серија, поради која второто место на табелата му го препушти на Фросиноне. Палермо нема победа на последните четири натпрвари, на кои од можните 12 освои само три бода.
На шест кола до крајот на сезоната во Серија Б, Палермо е на третото место со 60 бода, колку што има и Парма. На првите две места што носат директен пласман во Серија А се наоѓаат Емполи со 73 и Фросиноне со 62 бода.