Top Sport

Знамето на Палестина се вееше при прославата на Лестер на „Вембли“

Двајцата фудбалери на Лестер Сити – Хамза Чудури и Весли Фофана при вчерашната прослава за освоената титула на својот клуб во англискиот ФА куп го развеаја знамето на Палестина во знак на поддршка на земјата.

Тие покажаа солидарност со палестинскиот народ при израелските бомбардирања.

Инаку, победата на „лисиците“ е изненадување за составот на Томас Тухел кој успеа својата екипа да ја доведе до финалето во ЛШ. За Германецот ова беше првиот пораз откако седна на кормилото на „сините“.

Лестер е 44-тиот клуб кој го освоил ФА купот.

На „Вембли“ имаше најголем број гледачи уште од март минатата година – 22.000.

Scroll to Top