Тони Крос признава дека уште е лут на судијата Хуан Мартинез Мунуера кој досуди контроверзен пенал за Севилја во ремито со Реал Мадрид минатиот месец, објаснувајќи дека тој влијаел на борбата за титулата.
На 9 мај, кога беше 1:1 на 12 минути пред крајот, Реал сметаа дека добија пенал кога Карим Бензема беше соборен во шестнаесетникот. Но, наместо тоа, по ВАР проверката, судијата Мунуера реши да додели пенал за Севилја по играта со рака на Едер Милитао. Иван Ракитиќ беше сигурен за 2:1 водство, пред Еден Азар да израмни во судското продолжение. По мечот, Крос заедно со Зинедин Зидан се судрија со судијата, барајќи објаснување за ситуацијата.
Сега, пред последниот викенд во лигата, Атлетико Мадрид имаат 2 поени предност пред Реал на табелата, така што ќе треба да се случи пораз на ривалите за Реал некако да стигнат до трофејот.
„Не сум човек кој сака да се жали, но во овој случај бев екстремно изнервиран. Зидан никогаш не зборува за судиите и секогаш ги штити, така што многу кажува тоа што тој се конфронтираше со судијата значи дека не украдоа. Милитао беше свртен со грб кон топката и не ја виде, а на снимките се гледа дека топката прво удира во неговото рамо, а потоа во раката. Мислам дека тоа беше сериозна интервенција во исходот на шампионатот“, вели Крос.