Светскиот шампион на Хонда, Марк Маркез ќе ја стартува неделната трка на Американското ГП од четвртото место откако му беше одредена казна за попречување на возачот на Јамаха, Маверик Вињалес на квалификациите.
The incident between Marc Marquez and Maverick Vinales in Q2 at #AmericasGP #MotoGP pic.twitter.com/IueoXbAtgR
— Sophia (@ariliza_greys) April 21, 2018
Маркез блесна до шестата пол-позиција на патеката во Остин, каде што ќе брка шеста победа во низа, но веднаш беше ставен под истрага за блокирањето на Вињалес на тесната лева кривина број 15 додека возачот на Јамаха беше во „летечки“ круг.
Иако неговата 46. пол-позиција во Мото ГП ќе остане запишана во историјата, стјуардите решија да го постават на четвртото место на стартот, што значи дека Вињалес ќе стартува на првото место, пред Андреа Јаноне во Сузуки и Жоан Зарко во Тех 3 Јамаха.
Маркез не застанува, инцидент со Вињалес, пол-позицијата под закана (видео)