Компанијата „Најки“, во септември минатат година го раскина договорот со најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар. Според тој договор, Нејмар, до 2022 година, требаше да добие 90 милиони евра.
Откако го раскина договорот со „Најки“, Бразилецот потпиша договор со „Пума“. „Најки“ открија зошто решиле да ја прекинат соработката со фудбалерот на ПСЖ.
Вработена во компанијата го обвинила Нејмар дека сексуално ја вознемирувал во Њујорк во 2016 година. Бразилецот наводно ја принудувал жената на орален секс и ја затворил вратата од нејзината соба, а кога таа избегала, тој ја бркал по ходникот. Нејмар подоцна ги негирал обвинувањата.
Инцидентот, вработената во компанијата го пријавила во 2018 година. Една година подоцна „Најки“ покренале интерна истрага, во која одбил да учествува Нејмар. Тоа биле причината зошто „Најки“ решиле по 16 години соработка, да го раскинат договорот со Бразилецот.