Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез како да стави крај на сите шпекулации дека нејзиното момче ќе замине од Јувентус ова лето.
Италијанските медиуми неколку месеци шпекулираат за наводната желба на Португалецот да си замине од Јуве, толкувајќи го секој негов потег како потврда на оваа теза – од селењето на неговите автомобили од Торино, до лутината за тоа што не играше во последниот одлучувачки меч во Лигата на шампионите.
По враќањето на Масимилијано Алегри како тренер во тимот и потребата да се скратат трошоците, последната шпекулација беше дека Јуве се подготвуваат за трампа со Манчестер јунајтед за Пол Погба. Но, Георгина, која снима документарна серија за „Нетфликс“ во Шпанија, на досадните прашања, одговори кратко: „Тој останува“.