МЗТ Скопје се врати на второто место во Суперлигата откако со 87:73 го совлада директниот ривал за тоа место, гевгелиската Блокотехна најавувајќи интересен финиш на шампионатот.
Блокотехна направи одлична предност во првата четвртина добивајќи ја со 27:11, но МЗТ се врати со шест поени во низа за да направи пресврт со удари од далечина преку Стојановски и Синовец и да отиде на полувреме со 40:36 предност.
Возбудувањата не завршија откако Блоктехна поведе во третата четвртина, пред МЗТ да биде подобар во клучната завршница на мечот за да обезбеди значајна победа во која најдобар беше Синовец со 22 поени и 7 скока, додека Крафорд додаде 21 поен. Кај гевгеличани најдобар беше Бенџамин со 26 поени.
Фото: МЗТ Скопје