Top Sport

Бејл со две асистенции, но и промашен пенал – Велс подобар од Турција

Велс стигна до 2:0 победа над Турција, нанесувајќи им го вториот пораз на Турците и носејќи ги чекор до елиминација од ЕУРО 2020, благодарение на двете асистенции на Герет Бејл.

Овој резултат ги зголемува шансите на Велс за пласман во нокаут-фазата, но Турција и покрај двата порази уште не се елиминирани – ќе бидат доколку Швајцарија вечерва ја победи Италија во дербито на групата А.

Бејл во 42. минута хируршки прецизно го пронајде Арон Ремзи во шестнаесетникот на Турците, за фудбалерот на Јувентус лесно да го совлада Чакир. Бејл имаше и шанса да стави точка на неизвесноста во 61. минута, кога беше досуден пенал за Велшаните, но успеа да утне од белата точка првпат од 2010 година за интересен финиш на мечот. Конор Робертс во 97. минута од мечот ги постави конечните 2:0 по нова асистенција од Бејл.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top