Top Sport

Пандев: Како да чекаме да примиме гол, па да почнеме да играме

По вториот меч на ЕП за Македонија, капитенот на „рисовите“, Горан Пандев со свој осврт за 90-те минути против Украинците.

„Не се доволни само 45 добри минути на вакви натпреварувања. Треба да играме како во вториот дел цел натпревар. Почнавме внимателно, а кога ќе примиш гол од прекин, станува се потешко. Примивме гол од корнер, имавме потоа во вториот дел многу шанси да изедначиме пред пеналот, но таков е фудбалот. Жал ми е што загубивме, можевме барем до бод. Ова се натпревари кои првпат ги играме во нашите кариери. Кога примивме гол како да се опуштивме. Како да чекаме да примиме гол, па да почнеме да играме. Вакви натпревари не трпат импровизации. Мора да се игра мирно, затоа што нема што да загубиме. Ние направивме нешто големо. Мора со Холандија да играме опуштено, да го покажеме она што го знаеме на терен, па и да загубиме, да не ни биде жал. На полувремето се гледавме во соблекувална, како да не сме ние тие вистинските“ – рече капитенот Пандев по мечот.

Македонија во понеделник на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам од 18:00 часот го игра третиот меч во групата Ц на ЕП.
Фото: ФФМ

Scroll to Top