Крсте Велкоски уште еднаш покажа дека е „срцето“ на тимот на Сараево, откако постигна два гола во првите дваесет минути од мечот со Радник Бијељина во плеј-фот на Првенството на Босна и Херцеговина за 3:1 победа.
Велкоски стрелаше во седмата и во 21. минута за да донесе 2:0 водство за Сараево, пред гостите да намалат во 56. минута, но победата на „бордо тимот“ ја осигура Рахмановиќ во 93. минута, а му асистираше токму Велкоски. Македонскиот голгетер сега има 11 голови во дресот на Сараево во 2017/18.
И покрај победата Сараево нема шанси за титулата во Босна и Херцеговина – тие се на четвртото место 50 поени, дури 13 помалку од лидерот Зрињски Мостар.
Фото: sportsport.ba