Арсен Венгер и неговиот Арсенал беа поразени во неговиот последен меч на клупата на „топчиите“ на гости кај најголемите ривали Манчестер јунајтед, откако Маруан Фелаини во финишот на натпреварот донесе победа за „ѓаволите“ со кои тие се блиску до обезбедување на второто место на табелата.
Венгер, кој најави дека заминува од клупата на Арсенал по 22 години, имаше многу славни и неславни моменти на „Олд Трафорд“, но во последниот меч ќе забележи дека загубил во меч во кој многу работи можеа да се одвиваат поинаку.
Толку критикуваниот Пол Погба се снајде најдобро откако Алексис Санчез го погоди дирекот за да донесе предност за домашните по само 16. минути игра, но поранешниот фудбалер на Јунајтед, Хенрик Мхитарјан во 51. минута од мечот од работ на шестнаесетникот го совлада Давид де Хеа за 1:1.
Овој резултат беше актуелен до финишот на натпреварот и покрај иницијативата на Јунајтед, за на крај, Фелаини, кој влезе по час игра од клупата да биде човек за одлука.
Фото: ЕПА