Поранешниот Формула 1 возач, Мика Сало открива дека добивал смртни закани по казната за Макс Ферстапен по Американското ГП во Остин, каде што тој беше еден од стјуардите на трката.
Финецот Сало, кој е поранешен возач на Ферари, не беше гледан како главен виновник за казната што ја доби Ферстапен за претекнувањето во последниот круг над Кими Раиконен.
„Добив неколку смртни закани, посебно од Холандија. Мислам дека тоа не треба да се толерира“, вели Сало.
Спортскиот шеф на Ф1, Рос Браун застана зад стјуардите.
„Казната беше технички коректна. Строга, но коректна. Кога ќе се смират страстите ќе ги разгледаме проблемите со ФИА и со тимовите. Технологијата станува подобра и можеме да ја користиме. Во Ф1 имаме сè што е потребно за вистинска видео-технологија која ќе разјасни вакви ситуации“, вели Браун.