Top Sport

„Егото на Мбапе е најголемиот проблем на Франција!“

„Надуеното его“ на Килијан Мбапе е најголемиот проблем на француската репрезентација и на Дидиде Дешам на ЕУРО, тврди поранешниот француски репрезентативец Жереми Ротен.

22-годишната ѕвезда на ПСЖ уште нема гол на ЕУРО 2020, иако му беше поништен голот против Германија поради офсајд, но уште поважно придонесе за негативна атмосфера пред стартот на шампионатот, кога влезе во конфликт со Оливие Жиру, кој коментираше дека мора да игра помалку себично пред голот.

Но, поранешниот фудбалер на ПСЖ, Ротен, вели дека проблемот не е мал, туку дека ниту Дешам не може да го контролира.

„Нема проблем да е лидер на теренот, но кога дозволува неговото его да влијае на играта на теренот е загрижувачки. Мислам дека Дидие Дешам веќе не може да го контролира тоа и станува најголем проблем. Ме зачудува што му дозволува да прави толку работи. Засега, не можеме да кажеме дека Килијан Мбапе имаше успешно ЕУРО. Очекуваме многу повеќе, бидејќи сите сметаат дека е еден од најдобрите во Европа. Но, тоа место треба да го заслужи“, вели 43-годишниот Ротен.

Scroll to Top