Португалија на Кристијано Роналдо нема да ја одбрани европската титула откако вчера во осминафналето загубија со 1:0 од Белгија, во меч во кој тој не успеа да го надмине рекордот на Али Даеи со својот 110. гол за репрезентацијата, и фрустрацијата беше толку голема, што повторно настрада капитенската лента.
Португалија имаше 23 удари на голот на Белгија, поставувајќи рекорд на удари без гол на ЕУРО 2020, и Роналдо не успеа да го скрие разочарувањето на крајот на мечот, фрлајќи ја капитенската лента и дури шутирајќи ја.
Ова е вторпат да му се случи ваков инцидет, откако на меч од квалификациите за Светското првенство против Србија го направи истото бидејќи му беше поништен очигледен гол во финишот на мечот.
Ronaldo dropped and kicked the Captain’s armband away… pic.twitter.com/FKSQr1b8o1
— MC (@CrewsMat19) June 27, 2021
Неприфатливо е Роналдо да ја фрла капитенската лента, Србите веќе ја „продаваат“!