Top Sport

Скопје со три бода против Вардар, Шкендија „гази“

ФК Скопје продолжува со големата борба за опстанок во Првата лига, откако успеа на „Филип Втори“ да го совлада Вардар со 1:0, а директните ривали за опстанок имаа исто толку драматични мечеви – Победа загуби од Академија Пандев со 1:0, а Пелистер со гол во финишот ја совлада Ренова со 3:2.

Човек на одлука за тимот од Автокоманда беше Тогоанецот Досех Кофи, кој во 45. минута, по одличната акција на Скопје го совлада Гачевски за важни три поени за Скопје.

Пелистер стигна до 3:2 победа над Ренова благодарение на голот на Димче Ристевски во 83. минута за целосно да ја „замрси“ ситуацијата околу опстанокот во лигата. Победа е на осмото место со 32 поени, додека Скопје и Пелистер имаат по 31 поен.

Новокрунисаниот шампион Шкендија немаше проблеми и со 3:0 го совлада тимот на Работнички, додека Шкупи и Силекс одиграа 1:1 во Чаир.

ПМФЛ, 32.КОЛО

Академија Пандев – Победа 1:0

Пелистер – Ренова 3:2

Шкендија – Работнички 3:0

Шкупи – Силекс 1:1

Вардар – Скопје 0:1

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 79, 2.Вардар 52, 3.Силекс 46, 4.Работнички 42, 5.Ренова 41, 6.Академија Пандев 39, 7.Шкупи 38, 8.Победа 32, 9.Скопје 31, 10.Пелистер 31.

Фото: ФК Вардар/ФК Шкендија

Scroll to Top