Младиот српски напаѓач Душан Влаховиќ (21) кој минатата сезона блесаше во дресот на Фиорентина го привлече вниманието на неколку големи клубови ширум Европа.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Тотенхем сериозно се заинтересирани за неговите услуги и дека „Спарси“ веќе понудиле 40 милиони евра.
Понудата, наводно била одбиена затоа што „виолетовите“ за Србинот бараат 60 милиони евра.
Тотенхем сака да го ангажира младиот напаѓач доколку капитенот Хари Кејн го исполни кажаното и се пресели во редовите на шампионот Манчестер Сити.
Кејн, неофицијално, веќе им соопштил на првите луѓе во клубот од Лондон дека ќе си замине по очајната сезона.
Влаховиќ во завршената сезона во Серија А беше прогласен за најдобар млад фудбалер со 21 гол на 37 меча, но и ефект од 2 асистенции.
Tottenham have reportedly had a €40m offer for Dusan Vlahovic turned down, with Fiorentina hoping to receive €60m for the striker.
[@fantacalcio] pic.twitter.com/j4G0JJoVMC— PF | Transfer News (@PurelyFootball) July 15, 2021