Top Sport

Титмус пред Ледецки, Пити е недопирлив на 100 метри градно

Ариарна Титмус на 400 метри слободно, Адам Пити на 100 метри градно, Меги Мекнил на 100 метри пеперутка и американската штафета на 4×100 метри слободно, освоија златни медали на Олимписките игри во Токио.

Ѕвездата на денот е Австраликата Тутмус која успеа од тронот да ја симне, Американата Кејти Ледецки. На 400 метри слободно Титмус победи со време 3:56.69 минути. Ова е најдоброто време во историјата на Океанија и е само за 23 стотинки послабо од светскиот рекорд на Ледецки која го освои среброто. Бронзениот медал и припадна на Кинеската Ли Бингџи.

Британецот, Адам Пити, го одбрани златото на 100 метри градно од Рио Де Жанеиро. Во Токио, Пити победи со резултат 57.37 секунди. Пити е непобеден во оваа дисциплина од 2014 година.

Воедно ова е прво злато за Британија на овие Олимписки игри.

21-годишната Канаѓанка, Маргарет Мекнил победи на 100 метри пеперутка. Во финалето таа пливаше 55.59 секунди што е најдобро време во историјата на Северна Америка. Ова време е за само 11 стотонки послабо од светскиот рекорд на Сара Сјостром.

Американците Дресел, Пијерони, Бакер и Епл со 3:08.97 минути победи во штафетата 4×100 слободно. Второто место го освои Италија, а третото Австралија.

Scroll to Top