Вејн Руни ги откупил фотографиите на кои спие во хотелска соба опкружен со три полуголи девојки за само 1 фунта, а тие му се извиниле, по што легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед ги нарече девојките „пристојни млади дами“.
35-годишниот Руни, кој работи како тренер во тимот на Дерби каунти, а е оженет со четири сина, платил симболична сума на 21-годишните Брук Морган, Елиз Мелвин и Еланор Хогарт, кои пак, се извинија за фотографиите кои ги објавија на социјалните мрежи.
Претходно, Руни ги пријави девојките во полиција поради фотографиите кои беа објавени, пред неговиот адвокат да се сретне со девојките.
„Трите девојки кои се фотографираа контактираа со адвокатите на Вејн и доброволно ги предадоа фотографиите од таа вечер. Покрај тоа, тие дадоа и писмено извиниување до него за случките таа вечер. Се работи за три пристојни млади дами кои излегоа и не очекуваа Веј да биде во нивно друштво“, се вели во соопштението на претставниците на Руни.