Во супер-интересен меч со голем број на пресврти, Словенија предводена од Лука Дончиќ стигна до 95:87 победа над Шпанија за да го освои првото место во групата Ц и да ги избегне носителите во првата нокаут рунда.
Двете репрезентации веќе имаа обезбедно место во четврт-финалето на олимпискиот турнир, и Шпанците беа сметани за фаворити, што го покажаа во третата четвртина кога со фантастична тројкашка низа направија предност од 12 поени (57:45).
Словенците не се предадоа и го внесоа мечот во драматична завршница, во која Словенците дојдоа во водство на две минути од крајот со 88:85.
Влатко Чанчар со 22 поени беше лидер на Словенците, Тоби додаде 14 поени и 14 скока, додека Дончиќ имаше 12 поени, 14 скока и 9 асистенции, откако од деветтата минута од мечот играше со три лични грешки. Кај Шпанците, Рики Рубио имаше 18 поени и 9 асистенции, додека Абалде додаде 14 поени.