Пари Сен-Жермен по секоја сметка се осигурале да го добијат потписот на Лионел Меси оваа сезона, и ќе помогнат да се плати високата плата на Аргентинецот со помош на криптовалути, тврди „Дејли мејл“.
И покрај тоа што ќе зема помала плата од таа во Барселона, Меси ќе остане најплатениот фудбалер на светот, откако клубот склучил договор со неговите претставници, дел од неговата плата да се добива преку „ПСЖ фан-токени“.
ПСЖ уште во септември 2018 година склучи партнерство со компанијата „Сосиос.цом“, преку која навивачите ќе можат да купуваат токени поврзани со криптовалутата „$Chiliz“, која стана официјална криптовалута на клубот.
Во четвртокот, клубот од Париз потврид дека Меси добил „голем број“ на токени при комплетирање на договорот. Иако целосната вредност на пакетот останува непознаница, претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи инсистираше дека клубот целосно ги почитува правилата за финансиски ферплеј на УЕФА.