Top Sport

Австралиската рагби легенда Кефу со сериозни повреди при грабеж во неговиот дом

Австралиската рагби ѕвезда Тутаи Кефу се здобил со сериозни повреди откако бил избоден со нож при грабеж во неговиот дом, јавуваат австралиските медиуми, кои додаваат дека при грабежот биле повредени и неговата сопруга и неговите две деца.

47-годишниот Кефу, кој имаше 60 настапи за Австралија со која го освои и Светскиот куп, добил убоди во стомакот во обид да го заштити своето семејство при грабежот кој се случил во 3 часот наутро во нивниот дом во Бризбејн.

Според полицијата, Кефу бил разбуден од бучавата во понеделникот наутро, кога крадците ги барале клучевите од неговото возило, по што бил нападнат со нож, а потоа и соседите ги пресретнале крадците од кои едниот, малотелен престапник е уапсен. Вториот човек бил уапсен по полициска потера.

Scroll to Top