Top Sport

Хименез: Чудо е што воопшто сум жив

Раул Хименез вели дека лекарите му кажале дека ќе биде чудо ако се врати на фудбалските терени откако доби скршеница на черепот во воздушен дуел со Давид Луиз од Арсенал на 29 ноември 2020.

Меѓутоа, мексиканскиот напаѓач на Вулверхемптон, заигра за својот тим на мечот со Лестер во првото коло од Премиер лигата и во интервју за „Гардијан“ го опиша својот долг пат.

„Ми кажаа дека е чудо што сум тука. Имав фрактура на черепот, скршена коска и малку крварање. Коските го туркаа мозокот навнатре и затоа морав да одам на брза операција. Докторите завршија фантастична работа“, вели Хименез.

Тој признава дека не се сеќава на инцидентот.

„Се сеќавам дека пристигнавме на стадионот, дека ги оставив работите во соблекувалната, излегов со соиграчите на теренот и се вративме во соблекувалната. Потоа како некој да го исклучи светлото. Не се сеќавам на ништо друго. Потоа се освестив во болницата и се сеќавам на некои работи од таму, но многу нејасно“, додава Мексиканецот.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Scroll to Top