Top Sport

Пелистер со гол во 91. минута го победи Вардар

Во тоа што еднаш беше големо дерби на македонскиот фудбал, Пелистер на „Филип Втори“ успеа да го совлада Вардар со 3:2 со гол во 91. минута во грчевитата борба за опстанок.

„Црвено-црните“ водеа со 1:0 и со 2:1, но гостите успеаја да освојат три поени и да ги остават зад себе Скопје на последното место на табелата, откако тимот од Автокоманда загуби со 3:1 од новиот шампион Шкендија, иако се држеше на 1:1 на полувремето.

Барсегјан ги донесе Вардар во водство уште во осмата минута, но само пет минути подоцна, Трифуновски од пенал израмни на 1:1. Вардар повторно поведе во 60. минута со гол од белата точка на Блажевски, но Пелистер прво израмни преку Коњарски, пред Благоја Наумовски да донесе три поени за „зелените“.

Победата на Пелистер ќе вредеше повеќе доколку Победа загубеше од Силекс, меѓутоа прилепчани со минимални 1:0 ги совладаа кратовци за да останат со поен пред Пелистер на табелата (35-34).

ПРВА ЛИГА, 34.КОЛО

Академија Пандев – Работнички 0:1

Победа – Силекс 1:0

Шкендија – Скопје 3:1

Шкупи – Ренова 3:0

Вардар – Пелистер 2:3

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 85, 2.Вардар 53, 3.Работнички 48, 4.Силекс 46, 5.Шкупи 45, 6.Академија Пандев 42, 7.Ренова 41, 8.Победа 35, 9.Пелистер 34, 10.Скопје 32

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top