Припадници на српската полиција по налог на вишото јавно обвинителство во Нови Сад, го уапсиле фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ, под сомение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“.
„Тој е осимничен дека на фудбалскиот натпревар во Суботица, помеѓу ФК Спартак и ФК Раднички, ја искористил службената положба за да го фаворизира домашниот тим и на тој начин го ставил да биде во подбра позиција од противникот“, се наведува во соопштението на српското министерство за внатрешни работи.
На судијата Обрадовиќ му бил определен 48-часовен притвор, а потоа со кривична пријава ќе биде изведен пред јавен обвинител.
Обрадовиќ, при резултат 1:0 досудил пенал за Спартак, иако з атакво нешто не постои ниту еден елемент.
Спартак го победи раднички со 2:0 и во пресрет на последното коло се наоѓа на чекор до пласман во Лига Европа. Спартак има три бода повеќе токму од Раднички.
Српски судија го досуди најсмешниот пенал во историјата (Видео)