Капитенот на фудбалската репрезентација на Бразил, Нејмар, првиот меч по рехабилитацијата од повредата најверојатно ќе го одигра на 3.јуни, кога „кариоките“ ќе одиграат контролен натпревар против Хрватска.
Напаѓачот на ПСЖ, во февруари, се здоби со фрактура на метатарзалната коска во стапалото, поради што мораше да биде опериран.
Лекерот на бразилската репрезентација истакнал дека рехабилитацијата се одвива според предвиденото и дека тој од наредната недела ќе започне со тренинзи.
„Направивме нови тестови и можам да кажам дека се оди според планот. Наредната недела ќе биде подготвен да тренира со екипата. Најпрвин ќе започне да работи со топка“, рекол лекарот Родриго Лесмар.
Бразил на Светското првенство во Русија, во првата фаза, ќе игра против Швајцарија, Костарика и Србија.