Фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ по сослушувањето во Јагодина, каде што негираше да направил злоупотреба на службената положба доби притвор од 30 дена.
Обрадовиќ стана „познат“ на Интернет по досудениот пенал во мечот меѓу Спартак и Раднички Ниш во Суботица, иако немаше никаква причина за удар од белата точка. Судот одлучи тој да биде во притвор за да не може да влијае на сведоците.
Според „Вечерње новости“, во обвинението стои дека тој ги фаворизирал домаќините на мечот, Спартак, иако при сослушувањето објаснувал дека направил случајна грешка. Обрадовиќ е во притвор во затворот во Клиса.
Српски судија го досуди најсмешниот пенал во историјата (Видео)