Милорад Мажиќ со своите помошници ќе го суди финалниот меч во Лигата на шампионите, помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. За „Мондо“, тој открил некои интересни моменти од богатата кариера како фудбалски судија.
Судијата кој лани го судеше финалето на Купот на конфедерации, рекол дека единствен фудбалер за кого посебно се подготвувал е Златан Ибрахимовиќ.
„Кога станува збор за Златан, тоа е играч за кого навистина треба добро да се подготвите пред натпреварот. Не е проблем доколку со некоја своја одлука ќе ја налутите публиката, проблем е доколку го против себе го свртите Ибрахимовиќ. Е, тоа не е добро“, рекол Мажиќ.
Финалниот натпревар во Лигата на шампионите ќе се одигра на 26.мај во Киев, Украина.