Вардар со огромни 46:27 го совлада тимот на Пелистер во полуфиналето на Купот на Македонија и сега го чека подобриот од дуелот Металург-Еурофарм Работник во борбата за титулата.
Финалето на македонскиот куп се игра во „Младост“ во Битола, и ниту домашниот терен не му помогна на Пелистер да се спаси од катастрофален пораз.
Разликата во квалитетот на двата тима беше огромна и домаќините успеаја да се држат само неколку минути од играта, пред на полувреме да заминат +8 (20:12).