Поранешниот менаџер на Манчестер сити, Мануел Пелегрини, повторно ќе работи во Премиер лигата. Како што обајви секогаш добро информираниот италијански новинар, Џанлука ди Марко, 64-годишниот тренер ќе потпише тригодишен договор со Вест Хем јунајтед.
Според Ди Марко, Пелегрини, во наредните денови треба да ја има официјалната промоција во Лондон.
Чилеанскиот тренер на таа позиција ќе го замени Дејвид Мојс, кој само шест месеци беше менаџер на Вест Хем јунајтед.
Во изминатите две години Пелегрини работеше во Кина. За годишна плата од 10 милиони евра тој го тренираше Хебеи.
Во текот на кариерата Пелегрини бил тренер во неколку чилеански екипи, а европската одисеја ја започна во Виљареал, а потоа работел во Реал Мадрид, Малага и Манчестер сити. Со Манчестер сити во 2014 година ја освои Премиер лигата.