Реал не успеа со победа да ја заврши сезоната во домашниот шампионат и да си направи добра увертира пред за најважниот меч во сезоната, финалето во Лигата на шампионите.
Во последното коло „кралскиот клуб“ гостуваше кај Виљареал и не успеа да ја задржи предноста од два гола.
Реал, по првиот дел, водеше на Естадио керамика со 2-0. Стрелци на головите беа Бејл и Роналдо.
Откако Зидан, во второто полувреме, направи неколку промени, од игра ги извади Роналдо и Иско, Виљареал успеа да тиге до израмнување. Во период од 70. до 85.минута мрежата на Реал ја погодија Мартинез и Кастиљехо.
Реал сезоната ја заврши на третото место на табелата со 76 бода, а Виљареал со 61 бод е на петтото место и наредната сезона ќе игра во Лига Европа.