Поранешниот шеф и генерален менаџер на Мекларен групацијата, Мартин Витмарш е новиот групен генерален менаџер на Астон Мартин, враќајќи се во спортот по подолга пауза.
Витмарш 25 години работеше во Мекларен (1989-2014) на различни позиции, а беше шеф на Ф1 тимот шест години (2008-2014). Тој е одговорен за ширењето на бизнисот на Мекларен покрај Формула 1, основајќи ги Мекларен Аутмотив и Мекларен технолоџис. Тој исто така беше и човекот кој го поддржуваше развојот на Луис Хамилтон и освојувањето на неговата прва титула.
Астон Мартин од неодамна е во сопствеост на канадскиот бизнисмен, Лоренс Строл, инаку татко на Ф1 возачот во истиот тим, Ленс Строл.