Дефанзивецот на Милан и капитен на данската фудбалска репрезентација, Симон Кјер признава дека не поминува повеќе од ден-два без да размислува за колабирањето на неговиот соиграч од репрезентацијата, Кристијан Ериксен на ЕУРО 2020.
Кјер доби пофалби за неговото брзо реагирање при колапсот на Ериксен на мечот со Финска во Копенхаген, кога го постави соиграчот во позиција за опоравување, го заштитуваше од камерите и публиката, а потоа ја тешеше неговата партнерка.
„Има ден, можеби два, кога не размислувам за тоа. Не повеќе од тоа, бидејќи тоа веќе е дел од нашиот живот. Кога игравме со Шкотска во квалификациите за Светско првенство, влеговме на ‘Паркенстадион’ и лошите сеќавања веднаш се вратија. Морав да одам чекор по чекор, прво на загревањето, па химната, на крајот бев шокиран. Кога почнавме да играме, сепак, се врати искуството како намечевите со Белгија и Русија на ЕУРО. Дали ќе играм со него или против него повторно? Кажав стопати и пак ќе кажам – најважно е Кристијан да е океј. Другото не е важно“, вели Кјер во интервју за „Спорт Билд“.