Top Sport

Не му оди со автомобилите – Артур Мело го искрши своето Ферари

Фудбалерот на Јувентус, Артур Мело, по паузата поради повреда го уништи своето сиво Ферари во сообраќајна несреќа во Торино во средата, иако за среќа поминал без повреда.

Поранешниот фудбалер на Барселона, Артур, кој беше на операција во јули, бил возачот во автомобилот, но не бил повреден објавуваат италијанските медиуми.

Бразилецот, кој минатото лето дојде во Торино во трампа со Миралем Пјаниќ, би требало да се врати на фудбалските терени во октомври. Минатата сезона тој имаше 32 настапи и 1 гол за Јуве.

Ова не е првпат 25-годишниот Артур да има проблеми со автомобилите – во август 2020 тој имаше го удри своето Ферари во семафор во Џирона, по што имаше позитивен тест на алкохол.

Артур Мело не може без проблеми – го удрил Ферарито во семафор под дејство на алкохол

Scroll to Top