Хрватскиот селектор Златко Далиќ го објави скратениот 24-член состав на репрезентацијата, од која ќе отпадне уште едно име пред конечниот датум од 4 јуни.
На списокот се присутни сите хрватски фудбалски ѕвезди како Лука Модриќ, Иван Ракитиќ, Марио Манџукиќ и Иван Перишиќ, кои ќе треба да ја оправдаат довербата и барем да ја минат првата фаза во тешката група со Аргентина, Нигерија и Исланд.
Хрватска последните подготовки за Мундијалот ќе ги има со пријателски натпревар со Бразил на „Енфилд“ на 3 јуни и со Сенегал во Осиек на 8 јуни.
„Потребни ни се барем двајца квалитетни играчи на секоја позиција, за нашиот најдобар напаѓач Манџукиќ да ја предводи линијата. Светското првенство не е време за брзи промени. Затоа ги има тестираните ветерани и малку свежа крв“, вели Далиќ.
Се очекува дека од списокот ќе отпадне 21-годишниот дефанзивец Дује Чалета-Цар или 26-годишниот играч од средниот ред Филип Брдариќ, кој досега има три настапи за репрезентацијата. Но, двајцата ќе бидат во авионот за Русија ако Ведран Чорлука не успее да се опорави од повредата.
ХРВАТСКА, СП 2018
ГОЛМАНИ: Даниел Шубашиќ (Монако), Ловре Калиниќ (Гент), Доминик Ливаковиќ (Динамо З)
ОДБРАНА: Ведран Чорлука (Локомотив Москва), Домагој Вида (Бешикташ), Иван Стриниќ (Сампдорија), Дејан Ловрен (Ливерпул), Шиме Врсаљко (Атлетико Мадрид), Јосип Пивариќ (Динамо Киев), Тин Једвај (Баер Л), Матеј Митровиќ (Бриж), Дује Чалета-Цар (Салцбург)
СРЕДЕН РЕД: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Иван Ракитиќ (Барселона), Матео Ковачиќ (Реал Мадрид), Милан Бадељ (Фиорентина), Марцело Брозовиќ (Интер), Филип Брадариќ (Риека).
НАПАД: Марио Манџукиќ (Јувентус), Иван Перишиќ (Интер), Никола Калиниќ (Милан), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Марко Пјаца (Шалке), Анте Ребиќ (Ајнтрахт).
Фото: ЕПА