Ленон Кастилјо излезе од болница и е свесен, откако во саботата навечер доби брутален нокаут од Британецот Калам Смит во пред-мечот на дуелот Олександер Усик-Ентони Џошуа.
Со фантастична десница на Смит, Кастилјо (21-1-4) остана на подот, а судијата Боб Вилијамс веднаш го прекина мечот. Смит (28-1) почна да прославува, но ведаш му беше јасно дека нешто не е во ред со противникот, кому му се тресеа нозете.
33-годишниот Кастилјо, ветеран од Доминиканската Република, доби медицинска помош неколку минути, по што беше изнесен на носилки, а промотерот Еди Херн потврди дека тој е свесен и во добра состојба.