Адил Рами, дефанзивецот на Троа, и поранешен француски репрезентативец вели дека сега кога Лионел Меси е во Пари Сен-Жермен е многу полесно да го „чуваш“ Аргентинецот во споредба со минатото.
Рами претходно имаше редовни „средби“ со Меси додека беше фудбалер на Севилја, но во 12 меча, ниту еднаш не беше на победничката страна во дуелите со Барселона под водство на Меси. Сепак, Рами вели дека оптимизмот доаѓа од тоа што играта на Меси е сменета и дека на 34 години веќе не е незапирлив.
„Да, признавам, никогаш не победив, но имаше повеќе нерешени мечеви и добив четири-пет дреса од него. Тој беше пресилен тогаш, секогаш зад мојот грб. Ќе биде во офсајд, па ќе се премести на средината и повторно ќе тргне. Сега, не оди така, туку повеќе сака да додава, така што е полесно за одбранбените играчи да чекаме. Мислам дека не може да прави слаломи повеќе“, вели Рами.
Меси уште нема постигнато гол во првите три меча во Лига 1, но даде прекрасен гол при 2:0 победата над Манчестер сити во Лигата на шампионите. Во ПСЖ тој игра на десната страна во нападот покрај Килијан Мбапе и Нејмар, или како втор напаѓач кога Анхел ди Марија е во игра.