Реал Мадрид го означи Орелиен Чуамени, 21-годишниот фудбалер на Монако, за наследник на Каземиро. Овој трансфер Флорентино Перез ќе се обиде да го реалзира наредното лето.
Чуамени, сезонава е стандарден во тимот на Монако, дебитираше и за француската репрезентација. На завршниот турнир во Лигата на нации, играше 20 минути во полу-финалето против Белгија и одигра 90 минути во финалето против Шпанија.
„Марка“ тврди дека Монако за овој фудбалер ќе барана најмалку 60 милиони евра. Покрај Реал, интерес за Чуамени, покажале Јувентус и Манчестер јунајтед.