Фил Фоден ќе го продолжи договорот со Манчестер сити. Фоден ќе потпише нов, шестгодишен договор со „граѓаните“.
Фоден, минатата сезона доживеа целосна афирмација во тимот на Пеп Гвардиола. Добрите изданија ги пренесе и во новата сезоната, во која има учинок од два гола и две асистенции, на шест натпревари во Премиер лигата.
Поради тоа, челниците на Сити, му понудија нов договорот и покрај тоа што актуелниот му истекува за три години. Според новиот договор, Фоден на „Итихад“ ќе остане до јуни 2027 година.
Новиот договор ќе му донесе и многу поголема годишна плата.