Top Sport

Момци со кои нема зезање – Конор на гости кај Мурињо

Тренерот на Рома Жозе Мурињо се пофали дека е во друштво со „Ноториус“ Конор Мекгрегор, кој на гостувањето во Рим доби дрес од „волчицата“, додека „специјалниот“ португалски фудбалски тренер уживаше во часа на „Пропер 12“ вискито на ирската ММА легенда.

„Да, тоа е тој! Да, големиот Мекгрегор е во Рим и беше вистинско задоволство да се сретнеме, да размениме некои приакзни и да му го понудам најубавиот дрес во градот, тој на Рома. Тој направи чудо и беше невозможно да се каже не на Конор. Исто така морав да го пробам ‘Пропер 12’ вискито. Легенда!“, напиша Мурињо на Инстаграм.

Scroll to Top