Top Sport

Поранешиот банкар Сари: Сега помалку го сакам фудбалот од порано

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари вели дека само во Италија вториот гол на неговиот тим при 3:1 победата над Интер би бил сметан за контроверзен и признава дека модерниот ритам на професионалниот фудбал предизвикал тој малку да ја загуби љубовта кон спортот.

Инцидентот кој за малку ќе предизвикаше тепачка меѓу фудбалерите на двата тима дојде кога Фелипе Андерсон даде гол од контранапад додека Федерико Димарко беше повреден. За волја на вистината Интер исто така играа додека Димарко беше на тревата, а Лаутаро Мартинез дури упати удар на голот.

„Нема потреба за дебата. Димарко беше долу, а Интер имаа удар на гол. Ако тогаш топката излезеше надвор од игра, тогаш тоа требаа да го направат тие. Самите Интер дозволија играта да тече и тоа е јасно правило и само во Италија се жалат. Во Европа, во Лигата на шампионите, ситуацијата е јасна“, вели Сари.

Сари, кој по професија е банкар, пак се пожали дека професионалниот фудбал е фокусиран само на парите и дека календарот е безмилосен.

„Сакав да кажам дека сите работи во кои првпат се вљубив во овој спорт сега ги има многу помалку. Кога ќе играш секој трет ден и добиваш половина час да се подготвиш за мечот, немаш време да работиш со своите играчи. Уште ја сакам оваа работа, но помалку од порано“, додава Сари.

Лацио го расипаа враќањето на Инзаги за прв пораз на Интер оваа сезона

Scroll to Top