Англија доби казна од еден меч без публика од страна на УЕФА, по хаосот на „Вембли“ за време на финалето на ЕУРО 2020, кое го загубија од Италија.
Над 5.000 навивачи без билети успеаја да влезат на стадионот, и УЕФА одреди дека имало „неефективна безбедносна операција“ од страна на организаторите на 11 јули. Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) е казнета со два меча без публика, од кои вториот е условен, а исто така ќе треба да платат казна од 100.000 евра.