Лацио повторно е на насловните страници во италијанските медиуми поради поврзаноста со фашистичката идеологија, откако мораа да го суспендираат дресерот на орлите на клубот по видеото во кое тој фашистички отпоздравуваше на фановите.
Шпанецот Хуан Бернабе претходно беше одговорен за летањето на маскотата на клубот, белоглавиот орел со име Олимпија пред стартот на секој меч на „Олимпико“. По 3:1 победата над Интер, тој бил сниман како пее за Бенито Мусолини до група на фанови и ги отпоздрави со фашистичкиот поздрав.
Претседателот на Унијата на италијански еврејски заедници, Ноеми ди Сењи го осуди овој потег.
„Не треба да постои двоумење или толерирање на гестикулации и симболи кои ги повикуваат фашистичките идеали. Клубот и федерацијата мораат да реагираат итно, на фашистите и на тие кои мразат не им е место во фудбалот“, вели Ди Сењи.
Лацио објасни дека Бернабе не бил вработен во клубот, туку само ангажиран од надворешна компанија и ја суспендираа соработката.
Ова не е првпат Лацио, омилениот клуб на Мусолини, да биде поврзуван со поддржувачите на фашизмот, откако неодамна му дадоа професионален договор на внукот на Дуче, а на мечот против Селтик во Лига Европа во 2019, дел од нивните навивачи пееја неофашистички песни во Глазгов.
Juan Bernabè, the eagle trainer who works at Lazio, was filmed giving the fascist salute to fans at the Olímpico and has now been suspended by the club. ? pic.twitter.com/EzxOS6eOfd
— FutbolBible (@FutbolBible) October 20, 2021
УЕФА го казнија Селтик за банерот со Мусолини на мечот со Лацио