Мауро Икарди го очекува казна од неговиот клуб, Пари Сен-Жермен, иако засега тие јавно го поддржаа својот фудбалер по обвинувањата дека ја мамел неговата сопруга, Ванда Нара.
Нара, која исто така е агент на Икарди и го договараше неговиот трансфер од Интер во ПСЖ, го обвини сопругот јавно дека ја мамел со „курва“ и дека „уништил уште едно семејство“. По ова, ПСЖ му дозволија на Икарди да ги земе „слободни“ неделата и вторникот поради семејни причини и тој отпатува во Милано во обид да ја спаси врската.
28-годишниот Аргентинец, според последните информации, добил прошка од неговата сопруга, и според „Марка“ и „Ле паризиен“, и покрај поддршката на клубот, ќе следува и казна.
Ова нема да биде првпат ПСЖ да се „меша“ во личните работи на своите фудбалери – тие го отпуштија шпанскиот фудбалер Хесе Родригез исто така по скандалот кога тој ја мамеше неговата партнерка Аура Руиз.