По фантастичниот старт на сезоната, Рома на Жозе Мурињо како да „подазастана“, откако на гостувањето во Норвешка доживеа тежок 6:1 пораз од Бодо/Глимт во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Со празни раце од гостување се враќа и Тотенхем, откако загубија со 1:0 од холандскиот Витесе.
Ботхајм и Берг донесоа неверојатно 2:0 водство на Бодо/Глимт уште во првите 20 минути, но Рома се врати на гол разлика преку Карлес Перез во 28. минута. Второто полувреме беше катастрофално за „волчицата“ – Ерик Ботхајм го комплетираше хет-трикот и имаше две асистенции за шокантна победа.
Тотенхем пак, во 78. минута прими гол од Максимилијан Витек за прв пораз во Европа и сега имаат тешка задача да изборат пласман понатаму во група со Витесе и Рен.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 3.КОЛО
ГРУПА А
ХЈК Хелсинки – Макаби Тел Авив 0:5
Алашкерт – ЛАСК Линц 0:3
ГРУПА Б
Анортозис – Флора 2:2
ГРУПА Ц
Бодо/Глимт – Рома 6:1
ГРУПА Е
Феенорд – Унион Берлин 3:1
Макаби Хаифа – Славија Прага 1:0
ГРУПА Ф
Копенхаген – ПАОК 0:2
ГРУПА Г
Мура – Рен 1:2
Витесе – Тотенхем 1:0
ГРУПА Х
Карабаг – Каират 2:1