Белгискиот талент Сирил Нгонге го постигна убедливо најдобриот гол овој викенд, откако даде неверојатен „шкорпионски“ гол за неговите Гронинген во мечот со АЗ Алкмар во неделата.
На 0:0 во првото полувреме, У-21 репрезентативецот на Белгија упати удар кој го остави голманот на Алкмар, Петер Виндал Јенсен без решение. Реакцијата на неговиот соиграч Михаел де Лев кажува многу.
„ЕСПН Холандија“ со право го предложи голот за Пушкаш наградата на ФИФА за најдобар гол во 2021 година.
? Scorpion kick!! @fifacom, are you watching!? ?? @cyrilngonge27 pic.twitter.com/JAgeY3QLQn
— ESPN NL (@ESPNnl) October 24, 2021